Новите сметки за парно греење им предизвикаа главоболки на директорите на образовните институции на територијата на Град Скопје. Со промена на тарифниот систем за топлинска енергија, на некои од нив им стигнаа месечни сметки за парно греење коишто се повеќе од два пати поголеми отколку досегашните. Поради ваквото зголемување на цените, дел од скопските градоначалници најверојатно ќе ги стопираат плановите за приклучување на системот за греење на БЕГ и ќе продолжат да користат нафта и дрва за затоплување, со што и понатаму ќе бидат меѓу главните загадувачи на воздухот во Скопје.
Оваа содржина ја изработи Институтот за комуникациски студии
Новинар: Катерина Топалова
Снимател: Иван Поповиќ
Монтажа: Ристо Душковски