Одговара Весна Кочовска, експерт за работнички права.
Според Законот за работните односи работникот има право да го користи годишниот одмор кај работодавачот кај кого го стекнал правото на негово користење доколку со работодавачот не се договорил поинаку. По престанувањето на работниот однос работодавачот е должен на работникот да му даде потврда за искористен годишен одмор се цел работникот да може да го користи неискористениот годишен одмор кај друг работодавач со кого склучил договор за вработување.