Одговараат од Министерството за социјална политика, демографија и млади.
Осигуреникот има период на осигурување во Република Северна Македонија пократок од 12 месеци, согласно член 18 од Договорот меѓу Република Македонија и Република Чешка за социјално осигурување нема право на сразмерен дел на пензија. Со оглед дека странката живее во Република Чешка, може да се обрати во надлежната институција во Чешка со барање за потврдување на стажот во Република Северна Македонија и барање за остварување на право на сразмерен дел на пензија за стажот навршен во Република Северна Македонија, доколку смета дека стажот во РСМ е подолг од 12 месеци.