Одговара Мирјанка Алексeвска, експерт за креирање политики од областа на трудовото право.
Со Општиот колективен договор за јавниот сектор е предвидено на работникот да му се исплати право на паричен надоместок за трошоците поврзани со работа. Со истиот договор е предвидено работникот да има право на паричен надоместок во случај на смрт на член на потесно семејство и тоа согласно со Закон на колективен договор. За буџетските корисници ова право е предвидено, односно уредено со Законот за извршување на Буџетот, при што е предвидено во случај на смрт на член на потесно семејство на брачен другар да не може да му се исплати правото на овој вид на паричен надоместок.