Дали по даден отказ работодавачот може да ми бара да вратам дел од платата што ми ја даваше на рака?

Одговара Мирјанка Алексовска, експерт од областа на трудовото право.

Доколку работничката е пријавена тоа значи дека таа имала склучено договор и за вработување со работодавачот. Со склучување договор за вработување помеѓу работникот и работодавачот и со пријавување во системот на задолжително социјално осигурување работникот има право на плата согласно закон и колективен договор, која плата не треба да се исплаќа на рака, односно во готово. Доколку престане работниот однос на било кој начин работникот нема обврска да ги врати примените средства по основ на плата и овој случај може да се пријави во Државниот инспекторат за труд.