fbpx

Дали постои апатија меѓу студентите?

Одговара Савче Ѓошева, студентска правобранителка на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје.

Апатијата за жал е присутна помеѓу студентите. Тоа е можеби и од причина што знаеме дека се соочуваме со големи предизвици во нашето општество и многу од нив се токму во високото образование. Веројатно студентите понекогаш длабоко се разочаруваат и поради тоа не сакаат да реагираат. Но, кога гледаме дека имаме предизвици коишто треба да се решат и имаме огромни проблеми тогаш и наша должност е и нѝ е наметната обврската – да се погрижиме ние да бидеме тие коишто ќе издејствуваат со нови решенија да пркосат на авторитетите коишто постојат во нашето општество, а само нѝ прават штета.