fbpx

Дали следува некој вид на пензија или паричен надоместок на лице што има 64 години и 11 години стаж?

Одговара Мирјанка Алексeвска, експерт за креирање политики од областа на трудовото право.

Со Законот за работните односи јасно е кажано дека договорот за вработување работодавачот го прекинува кога работникот ќе наполни 64 години старост и 15 години пензиски стаж. Значи за остварување на правото на старосна пензија покрај возраста, работникот треба да има најмалку 15 години пензиски стаж. Со 11 години пензиски стаж, согласно постојните законски регулатива, работникот не може да оствари право на старосна пензија.