Одговара Мирјанка Алексeвска, експерт за креирање политики од областа на трудовото право.
Статусот на инвалидно лице се утврдува од страна на Комисија за оценка на работната способност при Фондот за пензиско и инвалидско осигурување согласно прописите за пензиско и инвалидско осигурување. Лице кое се стекнало со статус на инвалидно лице има право на соодветна заштита поточно со членот 178 од Законот за работните односи е предвидено дека на работник со намалена работна способност за 50% да има право, да има можност, да има право согласно прописите за пензиско и инвалидско осигурување, истиот има право на скратено работно време или пак треба да биде распореден на друго работно место, со право на плата согласно колективен договор. Значи согласно законот лицето има право на скратено работно време и право на плата.