Ја ставив пензијата во мирување во 2022. Во февруари сакам да ја земам. Дали во пресметката на пензијата ќе влезат покачувањата од март и септември 2023 и 2024 година?

Одговараат од Министерството за социјална политика, демографија и млади.

Се врши усогласување на старосната пензија за времето на мирувањето на пензијата, односно за периодот од запирањето до повторното воспоставување на исплатата на пензијата, поради засновање на работен однос или самовработување од страна на корисникот на пензија.