Каде и како да пријавам сосед кој има поставено камери што снимаат други згради, влезови, гаражи и улици?

Одговараат од Агенцијата за заштита на личните податоци.

Во однос на последното прашање Ве известуваме дека доколку физичкото лице смета дека е повредено неговото право на заштита на личните податоци преку воспоставен систем за вршење на видео надзор во зграда, може да поднесе Барање за утврдување на повреда на правото на заштита на личните податоци преку веб-страницата на Агенцијата за заштита на личните податоци или директно во нашите простории. За таа цел потребно е да ги наведете своите лични податоци, податоци за контролорот кој сметате дека го повредил правото на заштита на личните податоци и тоа: име и презиме, адреса на живеење, односно назив и седиште на правното лице, јасно наведување на категориите на лични податоци кои цените дека Ви се обработени спротивно на одредбите на Законот за заштита на личните податоци, како и опис на околностите кои се однесуваат на конкретниот случај.