Одговара Татјана Тасевска од Организацијата за заштита на потрошувачи.
Доколку се појави одреден проблем, односно доколку она што е внесено во договорот агенцијата не го испочитувала во тој случај патниците имаат право да поднесат приговор најпрво до агенцијата во рок од осум дена откако ќе севратат од патувањето и доколку одговорот што ќе го добијат е позитивен тогаш е во ред, доколку е негативен можат да се обратат до Државен пазарен инспекторат, а имаат право доколку не било реализирано се во рамките на тој договор да добијат одреден надомест, односно да им бидат вратени дел од средствата што ги уплатиле.