Какви мерки се предвидени за младите пчелари кои сакаат да го зголемат бројот на пчелни семејства?

Одговара Цветан Трипуновски од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Првин на почетокот да ја поздравам иницијативата и прашањето што се упатува до моето министерство. Во делот за политиките кои се креирани за 2025 година, секако дека младите земјоделци имаат приоритет. Поддршката доаѓа преку програмата за директните плаќања, односно класичните субвенции преку Програмата за рурален развој. Во програмата за директни плаќања сите млади луѓе кои што аплицираат и се носители на земјоделско стопанство имаат  дополнителни десет проценти во поддршката.

Сите млади луѓе од 18 до 40 години кога аплицираат за мерките кои што ги објавува министерството дали се за механизација, за земјоделско земјиште и така натаму, добиваат дополнителни бодови како предност при аплицирањето. Исто така се ослободени три години од закуп за плаќање на земјоделско земјиште која е една олеснителна околност при стартување со одредено производство во земјоделскиот сектор. Дополнително мерката што е креирана, тоа е мерката 2.15 се однесува точно за пчеларите. Оние кои што имаат минимум  десет пчелни семејства добиваат субвенции од 600-тини денари. Меѓутоа за оние кои што веќе прогресираат имаат повеќе над 50 пчелни семејства добиваат 200та на овие 600-тини денари.

Додека, преку програмата за рурален развој имаме мерки каде што кофинансираме набавка на опрема  за пчеларството, за пчелни матици, за пчелни роеви кои што едноставно сакаме да им помогнеме на младите луѓе кои што сакаат да влезат во земјоделскиот процес да едноставно имаме некаков поттик односно стимул во она што го нуди самото министерство. Видете, јас ја користам пригодата јавно да повикам и да ги охрабрам сите млади луѓе да влезат во земјоделскиот процес, затоа што навистина производството на храна е благородна професија, многу важна во опстанокот на човештвото. Македонија како земјоделска држава треба да анимираме и нова сила која ние како министерство ќе ја помогнеме преку овие програми што ни се на располагање.