Одговара проф. д-р Катарина Ставриќ, специјалист педијатар-имунолог и професор на Медицинскиот факултет во Скопје.
Хепатитис Б е исто вакцина која што децата првата доза ја примаат во породилиште заедно со БЦГ, а потоа уште две дози примаат заедно во склоп со петтовалентните вакцини. Велиме ние на два месеци доенчето прима шестовалентна и на шест месеци прима шестовалентна, ама во таа шестовалентна е вклопена вакцината за хепатит Б.
Хепатит Б е исто тешко, сериозно заболување. Доколку новородените не бидат вакцинирани 90% од нив ќе се разболат и ќе имаат последици. Оваа вакцина е вакцина која што штити од карцином на црниот дроб затоа што хроничниот хепатит Б може со тек на годините да доведе до карцином на црниот дроб, може да дојде до оштетување, до цироза на црниот дроб. Така што тоа е сериозно заболување кое што да речам има хроничен тек и секако дека овие пациенти заболени од хепатит Б кога ќе дојдат во период на возрасни ќе имаат сериозни заболувања.
Се примаат три дози како што рековме на раѓање, на два месеци и на шест месеци. Ова е вирус кој се пренесува преку крв и излачевини така што често пати и во тек на бременоста сите бремени жени се тестираат дали се носители на хепатит вирусот. Затоа што може да немаат некои симптоми, а да биле инфицирани, да го имаат вирусот и да го пренесат на новороденото. Но и во тој случај и овие новородени се вакцинираат со тоа што има посебни протоколи да примаат веднаш на породување и серум, специфичен серум антитела кои што ќе го заштитат новороденото да не се разболи.