fbpx

Кои се моите права доколку авионскиот лет доцни или не се реализира?

Одговара Татјана Тасевска од Организацијата за заштита на потрошувачи.

Исто така, е период кога многу се користат авионите се случува тогаш кога ќе отидете на аеродром летот доцни повеќе од два или три часа треба веднаш да се обратите на шалтерот на авиокомпанијата каде што имате карта и ќе ви понудат неколку опции: пренасочување на лет може да биде во некоја поблиска дестинација таму каде што патувате или може целосно да се откаже летот и да го презакажат за неколку дена. Ако станува збор за пренасочување во тој случај треба да си побарате, односно ви следува храна и пијалаци, ви следува превоз до некој хотел ако треба да се сместите, треба да ви биде платено ноќевањето и повторно треба да има превоз што ќе ве донесе на аеродромот го фатите тој друг одложен лет. Доколку пак целосно се откаже во некој период што вас не ви одговора тогаш имате право да ви биде вратен износот на пари за картата што сте ја купиле меѓутоа имате право и на надомест на штета секако поради откажаниот лет, бидејќи можеби сте оделе службено, можеби нешто таму ви се одложило. Значи надомест на штета на се она и материјална и нематеријална.