Кои услови треба да ги исполни еден пронајдок за да може да се патентира?

Одговара Златко Обрадовиќ, извршен директор на ​​Патентцентар – Консалтинг АД Скопје.

Правото на патент се однесува на пронајдок од областа на техниката, кој е нов, поседува инвентивен чекор и може да се применува во индустријата. Правото на патент се стекнува во постапка за регистрација на пронајдок пред надлежна национална или регионална организација.