Колку долго трае заштитата на индустриски дизајн?

Одговара Златко Обрадовиќ, извршен директор на ​​Патентцентар – Консалтинг АД Скопје.

Правото на индустриски дизајн се однесува на надворешната форма на одреден производ и се стекнува со неговата регистрација во одредена држава. Согласно Законот за индустриска сопственост, времетраењето на заштита е пет години со можност за негово продолжување до најмногу дваесет и пет години сметано од денот на поднесување на барањето за признавање.