fbpx

На кој начин и каде може да се добие бесплатна правна помош?

Одговара Оливер Давидовски од Министерството за правда.

Бесплатната правна помош се добива со поднесување на писмено барање за бесплатна правна помош од страна на лицето било лично, било по пошта, било преку овластено здружение регистрирано во Регистарот за бесплатна правна помош до подрачното одделение на чија територија лицето има престојувалиште и живеалиште со приложување на соодветна документација за конкретна правна работа. За секое поединечно прашање за кое барателот има потреба да побара бесплатна правна помош поднесува поединечно писмено барање.