fbpx

По смртта на сопругот не добив никакво наследство. Дали јас треба да ги вратам неговите долгови кога ништо не наследив?

Одговара Зоран Василевски од Хелсиншкиот комитет за човекови права.

Согласно Законот за наследување, наследникот договара за долговите на оставителот до висината на наследниот имот. Доколку наследникот се откаже од имотот на оставителот тогаш во никој случај не одговара за неговите долгови. Оние наследници кои што ќе го прифатат наследството одговараат солидарно за долговите на оставителот.