fbpx

Работам во фирма во индустриската зона во Тетово. Немаме земено плата два месеци. Каде да се обратиме?

Одговара Весна Кочовска, експерт за трудово право.

Работодавачот е должен на работниците да им исплати плата на начин утврден со закон. Според Законот за работните односи платата се исплатува за периоди кои не смеат да бидат подолги од еден месец. Платата се исплаќа најдоцна 15 дена по изминувањето од исплатниот период. Доколку работодавачот не им исплати на работниците плата согласно наведените законски одредби работниците може да поднесат претставка до Државниот инспекторат за труд заради утврдување на евентуални неправилности и преземање мерки соодветно законот. Паричните побарувања од работен однос работниците можат непосредно да ги остваруваат пред надлежниот суд.