Што да направам доколку сретнам повредено улично животно?

Одговараат од Агенцијата за храна и ветеринарство.

Кога станува збор за повредено улично животно, лицето треба да пријави во локалната самоуправа и во надлежното прифатилиште за бездомни животни. Одговорност за воспоставување и спроведување на систем за контрола на популацијата бездомни животни, е на локалните самоуправа, односно на општините, општините во Градот Скопје, односно Градот Скопје, преку воспоставување на прифатилишта. Tиe имаат обврска да вршат собирање на бездомни кучиња и регистрирани кучиња доколку ги затекнат на јавни површини без присуство на сопственикот и привремено да ги сместат во соодветни објекти - прифатилишта. Во прифатилиштата, се обезбедува елементарна заштита на животните од непогодни временски услови, редовно хранење и напојување и здравствено третирање и нега.