Одговара Златко Обрадовиќ, извршен директор на Патентцентар – Консалтинг АД Скопје.
Правата од индустриска сопственост по својата природа се територијални, од што произлегува потребата за нивна регистрација во надлежен национален завод во земјите од интерес. Меѓународните конвенции и договори од оваа област овозможуваат континуитет од првата пријава во земја членка на конвенциите до следните пријави во останатите земји членки, при тоа овозможувајќи користење на услугите на системите на WIPO, ЕUIPO или EPO организациите со што значително се поедноставува и поевтинува сложената постапка на меѓународна регистрација на правата од индустриска сопственост.

