Рандом текст рандом текст
Токму за да се спречи ваквата „градежна инвазија“, пред 12 години беше донесен законот со којшто Старата скопска чаршија е прогласена за културно наследство и со којшто на сила стапуваат строги правила за заштита на споменичката целина и на контактните зони на Чаршијата.
Во Старата скопска чаршија не смее:
1) да се менува постојната урбана структура, односно уличната мрежа, големината на блоковите и парцелите, отворените простори и слично;
2) да се градат или внесуваат индустриски и слични капацитети што придонесуваат за присуство на разни форми на загадување;
3) да се подигаат меморијални споменици и спомен-обележја што не се поврзани со настанувањето и развојот на Старата скопска чаршија и
4) да се врши ископ на темели или подруми ниту да се изведува кој било друг вид земјани или градежни работи без претходно спроведување заштитни археолошки истражувања.
Непосредната заштита на Старата скопска чаршија се спроведува според деталните параметри за заштита на заштитеното подрачје утврдени со деталните урбанистички планови, како и според посебно пропишаните заштитно- конзерваторски услови што се однесуваат особено на:
1) зачувување на пешачкиот карактер на Старата скопска чаршија, со исклучоци во поглед на посебниот режим за снабдување и за возилата со специјална намена;
2) задржување на постојната висина на објектите, формата на покривите и оригиналните покривни материјали, со задолжителна употреба на ќерамиди како покривен материјал кај новоградбите;
3) усогласување на висината, изгледот, бојата и другите параметри за новоизградените објекти, односно објекти што се градат на празни локации или на места на дотраени објекти без вредности, со оние на постојните соседни објекти;
4) затскривање на сите видови на водови од инфраструктурата и инсталациите, односно обезбедување тие да не бидат видливи во просторот на Старата скопска чаршија и на уличните фасади;
5) употреба на квалитетно дрво за изработка на столаријата, наместо метал или пластифициран лим и постепено отстранување, односно заменување на употребените метални или пластифицирани профили на уличните фасади;
6) исклучување на можноста да бидат поставени и отстранувањето на веќе поставените потпирачи, телевизиски антени, репетитори, големи рекламни паноа и слично;
7) вклопување на фирми и други натписи, билборди, неонски реклами и друг вид рекламирање, сообраќајни знаци, споменичка сигналистика, осветлување, поплочување и друг вид опремување на улиците и другите отворени простори.