fbpx

Живот во загаден воздух

Загадениот воздух полека не` убива. Концентрациите на загадувачките материи од затоплувањето на домаќинствата, сообраќајот и индустријата се надминати во целата држава, а најмногу во Скопје, Тетово и Битола. Докторите предупредуваат дека последиците ќе бидат пренесени на идните генерации како генетски фактор, а екологистите реагираат дека радикалните проблеми не се решаваат со шминка. Ќе помогне ли владиниот План за чист воздух, Македонија да се симне од листите на најзагадени држави во светот?

Документарниот филм „Живот во загаден воздух“ го изработи Институтот за комуникациски студии.

Тагови: