Прогласување на Шар Планина за национален парк е приоритет според Стратегијата за заштита на биодиверзитетот уште од 2004 година. Иако иницијативата постои многу поодамна – речиси 30 години, стручната јавност и еколозите обвинуваат дека многу малку се прави да се зачуваат природните вредности на планината.
Одложувањето на одлуката да се заштити Шара значи дополнителна деградација на природното богатство и злоупотреба на националните добра.
ТВ верзија | Албанска верзија |
Документарниот филм е изработен од Институтот за комуникациски студии.