fbpx

Владата упорно ќе продава земјиште, ВМРО-ДПМНЕ упорно ќе го блокира законот

Владата нема да го повлече Законот за продажба на државно земјоделско земјиште којшто овозможува откуп на закупените парцели по 10 години за евтини пари. Ресорниот министер, Аријанит Хоџа во поткастот на Res publica вели дека дел од забелешките на стручната јавност ќе се вметнат во Законот, додавајќи дека ќе се внимава на јавниот интерес и дека земјоделското земјиште нема лесно да се пренаменува во градежно. Опозициската ВМРО ДПМНЕ ќе го блокира Законот во Собранието и дека се минимални шансите да се договорат со власта да ја поддржат идејата за продажба на земјоделско земјиште.

 

Оваа содржина ја изработи Институтот за комуникациски студии

Тагови: