fbpx

И успешните грешат

Во петтата епизода на „Skills that pay the bills“ своите приказни за грешките што ги направиле ги споделија: Mерсиха Смаиловиќ, основач на консалтинг компанија за правно-економски услуги, која има своја организација што им помага на луѓе чии човекови права се повредени; Викторија Шотароска, чија компанија е наградена за најдобра во категоријата „грижа за клиенти“ и била рангирана меѓу 10-те најдобри менаџерки во Македонија; Нина Костовска, позната по видеото „Како ќе реагирате ако ве служи фармацевтски техничар со Даунов синдром?“, кое беше дел од кампањата на УНИЦЕФ и Коста Петров, основач на креативната агенција P World, која работи со компании од 40 земји на организирање бизнис настани и нуди услуги за односи со јавноста на компании кои се соочуваат со криза.

Аудио подкастот го изработи Радио МОФ.