Политика за приватност
Со оваа Политика за приватност ги дефинираме начините на собирање на лични информации, целта за која ги собираме, чувањето на овие податоци и условите под кои би можеле да ги направиме достапни на трети лица.
Оваа политика се однесува на корисниците на веб-страницата samoprasaj.mk која ја одржува Институтот за комуникациски студии (во натамошниот текст ИКС). Контролор на збирки на лични податоци е Институтот за комуникациски студии, Јуриј Гагарин 17-1/1, 1020 Скопје.
Начин и цел на собирање на лични информации
На оваа веб-страна се собираат лични информации на два начина:
- Доколку нè контактирате преку контакт-форма, при што ни стигнува електронска пошта со име и презиме, вашиот телефонски број и вашата адреса на електронска пошта. Овие податоци ги прибираме со цел да може да ве контактираме.
- Преку колачиња, со самото пристапување на веб-страницата. Колачињата се текстуални содржини кои веб-страницата може да ги остави на вашиот компјутер, со цел да ја идентификува вашата постојана посета и начините на кои стапувате во интеракција со веб-страницата. Повеќе информации за колачињата и видот на податоците кои ги добиваме од нив можете да најдете подолу.
Чување на овие податоци и вашите права
Податоците кои ни ги испраќате преку контакт-формата ги добиваме на нашата електронска пошта. Овие податоци ги чуваме во времетраење до исполнување на целта за која се прибрани. Овие податоци може да побарате да бидат избришани со едноставно барање на [email protected] или на телефонскиот број +389 (0)2 3090 004.
Податоците кои ги прибираме од колачињата не можат да бидат директно поврзани со вас, па затоа не можеме да постапиме со барање за нивно бришење. Повеќе информации за колачињата можете да најдете подолу.
Споделување на податоците со трети лица
ИКС може да сподели вашите лични податоци само по барање на суд или државни истражни органи, и тоа само врз основа на закон. ИКС не ги споделува или препродава вашите лични податоци со трети страни.
Во однос на податоците добиени од колачињата, Институтот може да ги споделува овие податоци со трети лица само со цел анализирање на перформансите на нашата веб-страница и интеракцијата на корисниците со неа. Во овој случај, третите лица се должни со договор со ИКС да ги чуваат овие податоци само во обем и времетраење за изготвување на анализа и истите не смеат да ги споделуваат со трети лица.
Офицер за заштита на лични податоци
Офицер за заштита на лични податоци во Институтот за комуникациски студии е Бојан Георгиевски - [email protected] | +389 (0)2 3090 004.
Погледнете ја и Политиката за користење на колачиња.