Во 21 век жените сѐ уште се дискриминирани во професионалниот живот, вели диригентот Дино Имери. Причина ја гледа во мажите кои мислат дека ја губат моќта или доминацијата врз некоја состојба, поради способноста на жената. Тој во видео влогот на Рес Публика вели дека ова е сериозна тема за која треба често да се зборува.