fbpx

Само прашај е платформа за размена на идеи и мислења поврзани со јавните политики, создадена и одржувана од Институтот за комуникациски студии. Платформата овозможува секој граѓанин да постави прашање и да коментира за општествените проблеми, а за возврат да добие релевантен одговор или решение од претставник на граѓанска организација или пак институција.

Покрај тоа, на Само прашај редовно можете да најдете информации за различни општествени теми, претставувајќи и споделуваќи ги резултатите од работата на граѓанскиот сектор во повеќе области: изборни реформи, образование, здравство и квалитет на живот, различности и социјална кохезија, реформи во судството и владеење на правото, младински прашања, човекови права и борба против дискриминацијата. На платформата се објавени едукативни ресурси кои се лесно разбирливи и достапни.

Преку овие активности, со Само прашај сакаме да создадеме широка мрежа составена од граѓани, граѓански организации, креатори на јавното мислење и новинари кои преку взаемна интеракција ќе можат да придонесат за изнаоѓање иновативни пристапи и решенија за подобрување на општеството.

Уредник: Александра Теменугова, This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it., +389 (0)2 3090 004


british embassy ukaid logos

Оваа веб-страница е изработена во рамките на проектот „Поврзи ги точките: подобрени политики преку граѓанско учество“, кој се реализира од Институтот за комуникациски студии. Проектот е финансиран од Владата на Обединетото Кралство, со поддршка на Британската амбасада во Скопје. Мислењата и ставовите наведени на оваа веб-страница не ги одразуваат секогаш мислењата и ставовите на Британската Влада. Целата содржина е со Creative Commons License (CC BY-NC-ND 3.0), односно е слободна за редистрибуција.