fbpx

Минималната плата годинава нема да биде над 13.000 денари

Ако се подобри економијата, ќе се зголеми минималната плата, вели министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска. Не откри колку ќе изнесува, но потврди дека е обезбедена финансиска поддршка за да можат помалите компании да го издржат притисокот. Професорката Благица Петрески пак вели дека износот не смее да надмине 13.000 денари.

И двете соговорнички велат дека скоро нема да се зголеми старосната граница за пензинирање. Во видео поткастот на РесПублика министерката Царовска говори и за последниот развој на скандалот со непрефрлените 19 милиони евра од првиот во вториот пензиски столб.

Тагови: