Шумарскиот факултет и граѓанската иницијатива „ГоСакамВодно“ организираат предавање со еко-активистките Рамона Франк (Ramona Frank) и Мара Апелхаген (Mara Appelhagen) кои беа дел од акцијата за спасување на шумата Хамбахер во Германија. Настанот ќе се одржи на 20 февруари (среда) од 11.30 часот во амфитетарот на УКИМ Шумарски факултет во Скопје.

Премиерот Заев отворено се стави во улога на поттикнувач на еден од најтешките облици на корупција и криминал кој ние граѓаните на оваа земја го именуваме како градежна или урбанистичка мафија, реагираат од Здружението „Стар Лагадин“ откако премиерот јавно го поддржа градењето на спорниот хотел во Лагадин на настанот „Силна економија – шанса за сите“ кој се одржа во Охрид.

Претставници на јавни институции, граѓански организации и инцијативи учествуваа на работната средба која Институтот за комуникациски студии ја организираше на 24 декември со цел да го утврди начинот на кој меѓусебно би соработувале и заеднички би делувале во мапирање и решавање на проблемите со животната средина.