Тест за јавен интерес

  14 klientelizam
     
     
     
     
     
     
     

Кога решаваат дали ќе пишуваат на одредена тема, новинарите имаат обврска да утврдат дали постои јавен интерес за неа. Со други зборови, за секоја тема е важно новинарите да применат тест за јавен интерес. За најголемиот број теми и прашања вообичаено е јасно што е во интерес на јавноста, а што не е, но постојат некои теми кои се повеќе комплицирани, особено кога станува збор за приватноста или за моќта. Институтот за комуникациски студии изработи Прирачник за јавен интерес во новинарството, во кој што се објаснети основните принципи и стандарди во оваа професија.

Ставете се во улога на новинар или уредник, истражувајќи ги 14-те тестови за јавен интерес во новинарството кои ќе ве доведат во ситуација да трагате во професионалните принципи и стандарди во новинарството. Тестовите се интерактивни и содржат секојдневни дилеми и искушенија на новинарите.