Одговара д-р Антонио Антовски од Градската општа болница „8-ми Септември“ – Скопје.
Физичката активност е корисна кај секого, па и кај пациентите со болно срце. Нема пациент кој што нема корист од физичка активност со тоа што треба во консултација со доктор да се дозира степенот на отпретување и да се одбере тајмингот кога да се почне со физичката активност. Препораката е колку и да е минимална активноста користи на кардиоваскуларното здравје кај болните. Се препорачува умерена физичка активност 150 минути во неделата. Тоа би значело 30 минути во текот на денот по можност секој ден уште подобро. Колку повеќе се движиме колку повеќе сме активни толку е подобро за срцето. Користа од активноста е повеќекратна и обезбедува подобрување на пумпната моќ на срцето на тој начин што го засилува, го кондиционира срцевиот мускул. Како и секој друг мускул кога повторувано ќе се отпретува, мускулот добива поголема сила, издржливост и е спремен на поголеми напори, истото е и со срцето како пумпа. Освен тоа обезбедува подобра крвоснабденост на тој начин што ја подобрува циркулацијата, односно ги шири малите крвни садови насекаде во телото, па и во срцевиот мускул со тоа ја подобрува циркулацијата, снабдувањето со кислород, дотур на хранливи материи и нормално враќање на штетните материи и нивно исфрлање од организмот.
Освен директно физичката активност повеќекратно го подобрува кардиоваскуларното здравје преку намалување на развојот на артериосклерозата. Како и на кој начин? Го намалува штетните масти во крвта, односно холестеролот со ниска густина ЛДЛ холестеролот. А, од друга страна го зголемува корисниот холестерол со висока густина ХДЛ холестеролот ги намалува вредностите на триглицеридите во крвта, го намалува нивото на шеќерот во крвта. Така да пациентите кои имаат дијабетес, шеќерна болест на тој начин помага полесно и подобро да делува инсулинот и да го регулира нивото на шеќерот. Кај тие што немаат шеќер превенира развој односно зголемено ниво на шеќер во крвта. Кои се другите механизми движењето ја намалува можноста од појава на гојазност. Знаеме дека појавата од гојазност е ризик за развој на кардиоваксуларни заболувања.
Тие што веќе имаат гојазност помага да ја регулираат телесната тежина и на тој начин да се подобри нивното кардиоваскуларно здравје. Пациентите со висок притисок движењето, аеробните вежби така наречени изотонични вежби помагаат го намалуваат крвниот притисок и затоа се редовна физичка активност ги намалува и дозата на лековите коишто се потребни за контрола на притисокот. Статистиката покажа дека редовната физичка активност ја намалува можноста за појава на артериска хипертензија ја подобрува функцијата на белите дробови, односно вентилирањето со подобрено крвоснабдување поефикасно се разменуваат гасовите се збогатува крвта со кислород, а се исфрлаат штетните материи како што е јаглеродниот диоксид. Значи многу начини физичката активност го подобрува кардиоваскуларното здравје и затоа се препорачува редовна активност која што е дневна потреба на организмот. Исто како што е внесувањето на храна, исто како што е дишењето. Нема разлика, значи имаме дневна потреба од физичка активност.