Кој врши контрола на противпожарните мерки во станбени згради и под кои услови?

Одговара Кашмир Салиу од Дирекцијата за заштита и спасување.

Вонредно како акција имаме преземено од страна на Дирекцијата за заштита и спасување во координација со Министерството за внатрешни работи и Државниот пазарен инспекторат при изградба секој објект должни се зградите да изработат елаборат во кој елаборат ќе бидат точно прецизирани мерките од заштита од пожар, експлозии и опасни материи и врз основа на таа застапеност на мерките се дава одредена согласност за добивање на дозвола на градба при вршење на контрола од страна на Дирекцијата за заштита и спасување при станбените објекти. Ние вршиме контрола во исклучителни случаеви само на заедница, на стан, доколку зградата поседува заедница на станари или станбен управител којшто се како правни лица, кои ние како сектор за инспекциски надзор конкретно вршиме на нив контрола. Не можеме да вршиме контрола на станбени простории каде што нема Заедницата на станари и станбените управители, освен по судски налог, по судска одлука и во тој случај самите станари се должни за системите за одржување кои се предвидени со претходниот елаборат за изградба на зградата.