Може ли станарите да побараат проверка на сигурноста ако во зградата има угостителски објект?

Одговара Кашмир Салиу од Дирекцијата за заштита и спасување.

Апсолутно да, треба да направат пријава до Дирекцијата за заштита и спасување. Уште подобро ако тие станари имаат избрано станбен управител или имаат избрано заедница на станари  или куќен совет и во тој случај инспекторите на Дирекцијата за заштита и спасување врз основа на пријавата излегуваат на терен и детектираат пропусти што е во надлежностите на Дирекцијата за заштита и соодветно на тоа постапуваат со мерки или санкции.