Одговара Мирјанка Алексевска, експерт по трудово право.
Согласно Законот за работните односи, годишниот одмор по правило се користи во текот на календарската година, со тоа што работодавачот има обврска на работникот да му обезбеди две непрекинати недели годишен одмор во текот на календарска година. При тоа, треба да се има предвид во случај на барањето на работникот за надоместокот за неискористениот годишен одмор дека истото може да се користи во случај кога пред престанокот на работниот однос доколку работникот го побарал годишниот одмор истото не му било овозможено од страна на работодавачот и работниот однос престанал не по вина и волја на работникот. Значи надоместокот може да се користи пред престанокот на работниот однос.