fbpx

Дали на работник кој оди во пензија на 31 март 2024 му следува цел годишен одмор за 2024 или пропорционален дел од по 2 дена за секој месец?

Одговара Мирјанка Алексевска, експерт по трудово право.

Доколку на работникот му престанал работниот однос на 31 март 2024 година поради остварување на право на пензија и доколку истиот го побарал годишниот одмор, во тој случај истиот има право на користење на целиот годишен одмор за 2024 година.