Одговара д-р Антонио Антовски од Градската општа болница „8-ми Септември“ – Скопје.
Неправилната работа на срцето односно аритмиите доведуваат до намалена ефикасност на пумпата. Проблемот кај аритмиите е што нормалниот период на полнење на срцето пред тоа да се стигне и да ја истисне крвта кај аритимиите е променет. Обично имаме брза срцева работа која што го скратува времето на полнење на пумпата таа недоволно прима крв, недоволно и ефикасно истиснува. Долгорочно е проблем затоа што на тој начин срцето не може ефикасно да си ја завршува својата функција како пумпа. Што со движењето кај овие пациенти? Аритмијата доколку е постојано присутна т.н артеријални фибрилации тие се најчесто присутни аритмии каде што постојано пациентот е со аритмија. Препораката е со медикаменти лекови да го контролираме пулсот, односно срцевата фреквенција помирување да не биде повеќе од 100 удари во минута.
Ако успееме во тоа физичката активност редовна, умерена околу 150 минути во неделата или повеќе тоа е минимумот позитивно допринесува врз кардиоваскуларното здравје на пациентите. Значи, регуларното движење вежбање ја подобрува работата на срцето под услов фреквенцијата да биде под контрола. Ако се движиме и по десет до 15 минути физичка активност го пипнеме пулсот доколку е некаде во границите на препорачаните вредности односно 50 до 70% од максималната фреквенција на возраста тогаш сме во сигурна зона и тогаш може да продолжиме, бидејќи таквото вежбање е корисно за кардиоваскуларното здравје како до фреквенцијата 220 минус годините возраст е максимална срцева фреквенција предвидена за возрасни, 50 до 70% таа фреквенција е доволна за да имаме умерена физичка активност која што користи на кардиоваскуларното здравје на сите и здравите и болните.