Одговара д-р Антонио Антовски од Градската општа болница „8-ми Септември“ – Скопје.
Зголемениот крвен притисок сам по себе е ризик фактор кој што доведува до менување на крвните садови, до менување на срцевиот мускул доведува до задебелување на мускулот, оптеретување заради зголемените притисоци. Срцето мора да пумпа под зголемен притисок, под зголемен напор тоа со време може да доведе до проширување на срцето и до ослабнување на неговата пумпна моќ затоа притисокот е важно да се држи под контрола, знаеме лековите, медикаментите тоа го овозможуваат, но тоа што е многу важно дека физичката активност може дополнително да допринесе за контрола односно за намалување на крвниот притисок.
Која физичка активност?! Пред се аеробните вежби, односно изотоничните вежби каде што имаме движење на телото , како што е пешачење, како што е џогирање играње тенис, планинарење, физичка активност која што доведува на ширење на крвните садови и на тој начин доведува до намалување на притисокот. Е сега изометричните вежби со подигање на тегови со напор, склекови, други вежби може во моментот на физичка активност и да го зголемуваат притисокот затоа се препорачува кај пациентите кои што имаат нерегулиран крвен притисок прво да се регулира со медикаменти или со аеробни вежби со движење со пешачење па потоа да се отпочне со вежби со тежина, со тегови наречени изометрични вежби затоа што на тој начин ќе се избегне долгорочен ефект на качување на притисокот, зголемување на притисокот од вежбите со тежина.