Одговара проф. д-р Билјана Кузмановска - национална координаторка за трансплантација.
Не секој починат не може да биде донор. Починат пациент во домашни услови или услови болнички кои што се надвор од интензивна нега не може да бидат донори, заради тоа што кога ќе настапи мозочната смрт за неколку минути умираат и другите органи. Само во одделите за интензивна нега има можност тие органи да бидат со медикаменти, со инфузии, со респиратори зачувани презервирани и одржани во оптимална состојба да можат да бидат трансплантирани кај примателот.