Одговараат од Агенцијата за заштита на личните податоци.
Во случај кога се работи за фотографирање на лични автомобили и регистерски таблички – регистарската табличка се смета за личен податок бидејќи може да се поврзе со сопственикот на возилото. Според законот, личните податоци (како што се лични фотографии, фотографии од приватни домови и регистерски таблички) не смеат да се обработуваат без законска основа или претходна изречна согласност од физичките лица.