Дали смеат да се фотографираат домови, згради и живеалишта?

Одговараат од Агенцијата за заштита на личните податоци.

Кога се работи за фотографирање на лични домови, згради и живеалишта, доколку преку фотографијата може да се идентификува конкретно лице (на пр. преку име на поштенско сандаче или други идентификатори), тогаш тоа се смета за обработка на лични податоци и се применуваат одредбите од Законот за заштита на личните податоци.