Одговара Татјана Тасевска од Организацијата на потрошувачите на Македонија.
Во принцип производите имаат декларација и тоа најчесто и другите производи имаат ситни букви, не само овие што се пред истек на рокот. Меѓутоа доколку се случи да има прелепување, значи декларација врз декларација во тој случај значи дека може да има манипулација со рокот на траење, односно да ставен некој друг рок со којшто практично производите би биле важечки. Треба да внимаваат потрошувачите. Знам дека буквите се ситни и бројките се ситни, меѓутоа во маркетите многу често ги издвојуваат тие производи настрана, меѓутоа повторно треба да го видите рокот, односно дали тој веќе истечен или пак има простор уште недела две, па вие сами одлучувате дали ќе го купите или не? Доколку забележите некаква манипулација од аспект на прелепување на декларации врз една или да има друга декларација во тој случај треба да се реагира до Агенцијата за храна и ветеринарство.