Дали сопственик на деловен простор што не ги користи заедничките делови од зградата мора да плаќа за нивно одржување?

Одговара Ќемал Ќамили од Регулаторната комисија за домување. Доколку деловните простории, се наоѓаат во склоп на објектот, а не ги користат услугите за тековно одржување, не треба да бидат задолжени за подмирување на трошоци за тековно и редовно одржување. Додека уплатите на средствата за резервен фонд се задолжителни, согласно одредбите од Законот за домување и согласно правилникот за висината на износот за посебните делови од резервниот фонд, најниската вредност на истиот, како и за видот на трошоците за кои ќе се користат средствата од резервниот фонд, во зависност од староста на објектот, бројот на посебните делови во зградата и видот на материјалот од кој е изградена зградата.

Тагови: