Дали влијаат годините и телесната тежина на примателот на органот во однос на донорот?

Одговара проф. д-р Билјана Кузмановска - национална координаторка за трансплантација.

Секако, медицински критериуми има многу коишто важат и за примателот и за донорот особено кога се работи за срце. Не може да се даде срце помало кај пациент коишто има поголема телесна тежина. Не може да одговори тоа срце на потребите на тој организам, исто така и со другите органи. Така да има многу строги медицински критериуми на селекција на кои органи се валидни да бидат трансплантирани кај кои реципиенти. Покрај имунолошките моменти, значи дали се компатибилни имунолошки.