Одговара проф. д-р Глигор Тофоски од Универзитетска клиника за гинекологија и акушерство.
Ин витро процесот има како и се друго во медицината определени препораки, има еден алгоритам како би требало да оди лекувањето на инферилитетот. Во процедурите каде што се применува претходно инсеменација каде што има операции заради органски фактори на пример тубите на пациентката не се проодни или спермата не е со доволен квалитет или постои ендометриоза, претходни операции, ектопични бремености се следи таа патека која што на крај помине доволно време или се исцрпат другите процедури доаѓаме до ин витро. Тоа за некои пациентки може да значи и порана возраст дури околу 25 години, 26 или 30 години. Кај некои пациентки зависно од тоа кога стапиле во брак може да значи подоцна над 40 годишна возраст.
Она што денешнава медицина го знае е дека всушност шансите за оплодување и спонтано и со ин витро драстично се намалуваат после 38-та година и постепено доаѓаат до еден пад, каде веќе да кажеме со полни 45 години заради таа физиолошка старост на јајниците, на јајните клетки кои се наоѓаат веќе шансите за ин витро и со сопствени јајни клетки се многу скоро невозможно пациентките да останат веќе тука се преминува во друга фаза каде се прави ин витро фертилизација, меѓутоа со донирани јајце клетки.