Кога може да се промени матичен доктор?

Одговараат од Фондот за здравствено осигурување на Република Северна Македонија. 

Избраниот лекар може да се промени во следните случаи:

  1. Престанок на работа на избраниот лекар;
  2. Промена на местото на живеење, односно на работа на избраниот лекар или на осигуреното лице;
  3. Промена на престој во установи за згрижување на стари и болни лица и во други случаи согласно со прописите за социјална и детска заштита, и
  4. По барање на осигуреното лице, но најмногу двапати во текот на една календарска година.