Кои активности ги спроведува Народната банка за зголемување на финансиската писменост?

Одговара Елизабета Недановска од Народната банка на Република Северна Македонија.

Финансиската писменост е од клучно значење за личен, семеен и професионален развој, бидејќи таа обезбедува знаење и вештини за ефикасно управување со парите и со ресурсите. Имено, индивидуата која е финансиски писмена подобро управува со личните финансии, знае како да создаде буџет, да заштеди, да инвестира. И не само тоа, туку и одлуките коишто ги носи особено за користењето на финансиските производи и услуги се повеќе информирани и тоа се информирани како за придобивките од нивното користење меѓутоа и се информирани и во однос на ризиците кои овие финансиски производи и услуги ги носат.

Особено, во денешно време на овој рапиден технолошки развој кога имаме дигитализација и со тоа финансиските услуги и производи стануваа се пософистицирани, се поразвиени и се поразновидни финансиската едукација добива се повисоко значење, бидејќи веќе секоја индивидуа на секоја возрасна група е потребно да биде едуцирана и да се носи со новините на новото време и со ризиците кои што истото ги носи. Народната банка од овој аспект навистина презема голем број на активности, она што е најбитно финансиската едукација, финансиската инклузија, финансиската писменост се стратешки приоритети на Народната Банка.

Имено, од моментот кога се започнува со финансиската едукација Народната Банка започнува со една лидерска позиција координирање со меѓуинституционалната соработка со цел на потребата за зајакнување на финансиската едукација да даде соодветен институционален одговор па така потпишан е меморандум за соработка од овој меморандум за соработка понатаму е произлезена формирање на координациско тело. Еден од резултатите на ова координациско тело којшто има навистина големо значење донесување на националната стратегија за финансиска едукација и финансиска инклузија со што е воспоставен структуриран приод кон финансиската едукација координиран од Народната банка и секако од финансиските регулатори.

Покрај националната стратегија исто така донесени се и други документи кои исто така имаат голема важност како што е кодексот на добри практики на финансиска едукација кои ги утврдува принципите кои што треба да се спроведуваат при активности за финансиски едукации како добрите практики целите итн. Покрај кодексот донесени се и основните компетенции кои сите даватели на образовни услуги треба да ги применуваат кога станува збор за креирање на едукативен материјал кој се однесува за финансиска едукација за различни возрасни групи. Ако говориме за активностите што ги презема Народната Банка од аспект на финансиската едукација, особено би сакала да ги нагласам едукативните материјали кои навистина се во голем обем. Овие едукативни материјали се наоѓаат на интернет страницата на Народната Банка и се пристапни за секоја индивидуа, за секој граѓанин, за секој потрошувач. Во рамки на овие едукативни материјали имаме брошури имаме видео игри, квизови има текстови коишто упатуваат на повеќе прашања и теми се од интерес на граѓаните, а да ја зајакнат нивната финансиска писменост.

Покрај едукативните материјали од значење би требало да ги спомнеме во секој случај тоа се редовните предавања кои се извршуваат се реализираат од страна на народната банка овие редовни предавања коишто се од аспект на финансиска едукација заземаат се поголем замав и се повеќе се интензивни во минатите години па од тука денеска може да говориме дека имаме 500-тини едукативни предавања кои се реализирани и дека истите се посетени од повеќе 22 илјади посетители, односно слушатели. И секако неминовно е да се спомнат и настаните коишто ја поткрепуваат финансиската писменост и финансиската едукација во општеството коишто народната банка ги спроведува самостојно или во соработка со другите регулатори во финансискиот систем, со приватниот сектор со граѓанските организации како што се деновите на финансиска писменост понатаму европскиот квиз на парите, глобална недела на парите и одбележувањето секако на светскиот ден на штедењето.