Одговара Игор Величковски од Народната банка на Република Северна Македонија.
Единствената област за плаќање во евра или накратко СЕПА од Single Euro Payments Area е инцијатива на Европската Унија уште од 2008 со цел поедноставување на плаќањата во евра во рамки на Европската Унија, но и пошироко во рамки на Европа. Во рамки на СЕПА влегуваат тековно 36 земји членки од кои 27 земји членки на Европската Унија, но и земји како Велика Британија, Норвешка, Швајцарија и неколку други помали земји.
СЕПА им овозможува на граѓаните и компаниите извршување во плаќања во евра на едноставен начин. За таа цел се воспоставени и повеќе платни системи и платежни шеми во рамки на кои банките учествуваат директно или индиректно и на тој начин на едноставен и брз начин ги пренесуваат информациите за плаќањата, но на брз и ефикасен начин го вршат порамнувањето на паричните средства во споредба со подолгите и покомплексните коресподентни аранжмани коишто мора да ги користат, доколку не се членки во СЕПА областа и во рамки на овие платежни шеми.
На пример, доколку граѓаните или компаниите сакаат да пренесат парични средства во рамки на истата земја членка или прекугранично во СЕПА областа може истото да го направат со користење на кредитни трансфери. Еден платен инструмент кој овозможува паричните средства од платежната сметка на плаќачот да бидат пренесени на платежната сметка на примачот со минимален сет на информации коишто ги доставува плаќачот до својот давател на платежни услуги. Поконкретно плаќачот за да може успешно да го реализира плаќањето ќе достави до својот давател на платежни услуги број на својата платежна сметка, назив и број на платежната сметка на примачот, износот на плаќањето како причината за плаќањето и целта на плаќањето.
За повторливи плаќања за пак на пример кога плаќаме сметки за топлинска енергија, електрична енергија, за вода граѓаните може да го користат инструментот директно задолжување кој што овозможува на давателот на услугата редовно да ги наплатува своите сметки коишто ги доставува до граѓаните и компаниите преку прибирање на средства од нивната сметка независно дали плаќачот и примачот се наоѓаат во истата земја членка на СЕПА или пак различна за што претходно плаќачот дал согласност за конкретната компанија давател на услугите да може да се наплатуваат сметките на овој начин.
За споредба од друга страна во нашата земја компаниите и граѓаните може да се потпираат на коресподентните аранжмани кои што домашните банки ги имаат со странските банки. За таа цел домашните банки имаат сметки во повеќе странски коренсподентни банки при што плаќањето може да се одвива релативно побрзо, доколку плаќачот и примачот имаат разменето информации за плаќањето каде што примачот на паричните средства има сметка во истата коресподентна банка каде што и домашната банка има сметка. Но, вообичаено примачите на плаќања во странство имаат сметки во голем број на различни банки, различни од оние каде што нашите домашни банки одржуваат сметки поради што предност на парични средства е релативно подолг и во самиот пренос се вклучени повеќе коресподентни банки што го пролонгира извршувањето на платежната трансакција, но го прави поскап.
Со пристапот во СЕПА домашните банки ќе може да имаат директен пристап до странските банки во рамки на платните системи коишто ги обезбедуваат овие услуги во СЕПА што значи дека плаќањето ќе биде многу побрзо, поедноставно и поевтино ќе се намалат трошоците на домашните банки коишто ќе бидат пренесени кон намалени надоместоци за граѓаните и компаниите.