fbpx

Кои се разликите помеѓу донација на органи од жив и од починат донор?

Одговара проф. д-р Билјана Кузмановска - национална координаторка за трансплантација.

Секој пациент којшто чека орган за трансплантација е кандидат да прими орган и од мртов дарител. Некои органи како што се бубрези може да бидат дарувани и од жив донор, значи доколку постои жив донор и компатибилност имунолошка може да добијат орган од жив донор. Тоа се работи доста кај нас. Меѓутоа некои органи како срцето немаат алтернатива мора да биде органот дониран од мртов дарител.